СДСМ: Мицкоски се плаши од избори и измислува пречки


Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ исплашени од волјата на граѓаните, лажат дека треба да поминат 60 дена по вонредната состојба за одржување избори, тврдат од СДСМ во пресрет на лидерската средба денес.
-Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека граѓаните ќе ги казнат за нивното крајно неодговорно, деструктивно однесување за време на тешката криза од коронавирусот. Тие, свесни за изборниот пораз, пласираат лаги и невистини се’ со цел да и избегаат изборно соочување.
Не е вистина дека Венецијанската комисија наложила државите да организираат избори, само доколку поминат 60 дена од завршувањето на вонредната состојба, како што манипулираат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Таквата препорака на Веницијанската комисија, се однесува само на Грузија, а не и на нашата држава.
Во Извештајот на Венецијанската Комисијата е наведено дека постои формално правило во меѓународното право коешто ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба, реферирајќи на различни уставни и законски примери од државите, меѓу коишто е и Уставот на Грузија којшто предвидува дека по воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена.
ВМРО-ДПМНЕ свесно испушта да каже дека во Уставот на Република Северна Македонија не постои таква одредба и дека согласно нашиот Устав избори не може да има единствено за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на Претседателот на државата.Ова никако не значи дека постои рок од 60 дена којшто треба да помине од крајот на вонредната до денот на изборите.
Ваквите обиди за груби манипулации се доказ дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ свесно лажат, стои во реакцијата на СДСМ.