СДСМ: Мицкоски ја промашил емисијата, мислел учествува во „Само лаги“

Губитникот Христијан Мицкоски вечерва ја промаши емисијата во која гостуваше. По количината на изнесени лаги, изгледа мислел дека се работи за „само лаги” наместо „Само вистина”, порачаа од СДСМ по интервјутро на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кое изнесе низа обвинуваа на сметка на власта.
-По којзнае кој пат Мицкоски покажа дека не го интересира ниту здравјето, ниту интересите на граѓаните, ниту интересите на државата.
Негов единствен интерес е да ги брани криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и да дејствува по нарачките од Будимпешта во бесконечни обиди да го закочи напредокот на државата и затоа шири лажни вести и дезинформации каде ќе стигне.
Мицкоски глуми загриженост за јавното здравје, а организира јавни собири на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот. Глуми загриженост за стандардот на граѓаните, а се противи на сите мерки што значат повеќе пари во домашните буџети. За таквото негово неодговорно и антидржавно дејствување Мицкоски е трипати казнуван од страна на граѓаните на избори.Единствениот исправен потег што губитникот Мицкоски може да го стори е да го одржи ветувањето и да си даде оставка откако не победи на изборите и не успеа да формира влада, стои во реакцијата на СДСМ.