СДСМ: Мицкоски глуми жртва на лажен напад


СДСМ вечерва најави вонредна прес конференција, паралелна со таа на Христијан Мицкоски, на која се очекуваше дека ќе ги обвини за нарачано убиство.  Ваква суета до граница на патологија не е видена досега во Македонија, дотолку повеќе што испадна дека нападот е изрежиран од неговите коалициони партнери во Алијансата за Албанците. 
 
-Не успеа обидот на Христијан Мицкоски заедно со неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците да реализираат некакво црно сценарио.Мицкоски вечерва се обиде да глуми жртва на лажен напад со цел да предизвика меѓуетнички инциденти за да ги одржи во живот неговите лажни протести, обвинија од СДСМ пред конференцијата. 
 
Нејасно е притоа дали Мицкоски воопшто бил во околината на местото на инцидентот во моментот кога била пукотницата. Според репортери на ДВ на местото на настанот, тој претходно го напуштил протестот заедно со своето обезбедување. 
 
„Независен“ веќе јави дека според неофицијални информации  лицето на фотографијата што држи пиштол е Цуфи Кока, сопственик на хотел и, што е поважно, член на Алијансата на Албанците на Зијадин Села.
 
На профилната фотографија на Фејсбук тој е заедно со Села, а само пред два часа партијата издала соопштение во кое се вели дека го осудуваат вандализмот, говорот на омраза и навредите против Албанците во протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Во соопштението тие ги повикуваат властите да реагираат на тоа, а граѓаните да не наседнуваат на овие провокации, апелирајќи до политичките актери да не ги загрозуваат меѓуетничките односи со своите изјави. 
Патем, Кока по се изгледа е брат на директорот на Комунална хигиена во Скопје,  исто така од Алијансата која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Затоа можно е и двете партии, кои имаат заедничка цел да издејствуваат предвремени избори, да го режирале овој квази напад. 

 

Министерството за внатрешни работи подоцна потврди дека е приведено лицето за кое лидерот  Мицкоски посочи дека се обидело да го убие во текот не денешниот протест против францускиот предлог.Од МВР засега немаат дополнителни информации за случајот.

„Срамно страшно и опасно“, го нарекоа од СДСМ на прес конференција  овој обид да се исценираат меѓуетнички судири за да се урне власта. „Немаат друга стратегија освен креирање тензии. Подготвени се да ја запалат цела држава“, оцени портпарлот на СДСМ. 

Со иста порака реагираа и од ДУИ. 

„Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје. Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, Левица и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.

Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје.ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа, порачаа од ДУИ.

И покрај тоа од Левица излега со соопштение во кое лажеа дека зад нападот стои власта, па иако пиштолџијата е од Алијансата за Албанците, тие ја посочијад ДУИ како терористичка партија.  Уште повеќе од Левица тврдеа дека напаѓачите се активисти на власта иако секој аматер со Фејсбук профил може да провери и да види дека се членови на Алијансата.

„Граѓаните вечерва беа сведоци на уште едно насилничко сценарио на пробугарската СДС и терористичката ДУИ, кога група кај Мавровка се обиде да ги каменува мирните демонстранти. Дел од лицата очигледно имаа намера да пукаат кон групата, а веќе во јавноста излегоа слики дека се работи за лица кои се партиски активисти на власта.Јасно е дека се работи за смислено сценарио на власта во пад, со оглед на фактот дека пред неколку дена министерот Бујар Османи најави дека одбивање на предлогот ќе предизвика меѓуетнички тензии, тврдеа од Левица, парија за која е прашање на ден кога ќе заврши на црната листа на САД.