СДСМ: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за Младиќ, што е следно?
СДСМ смета дека премиерот Христијан Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ.
-Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, а на Китановиќ му остава простор да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка.Наместо кривично да одговараат и давајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.
Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување. Луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бида вршители на каква било јавна функција во Владата. Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ?
Дали Ратко Младиќ е и негов генерал?Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши.
Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиќ која Мицкоски ја спроведува и за која СДСМ предупредува. Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција „Талог“.
Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ.Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија. Прашањето е што е следно? Што друго имаат подготвено?