СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да не ослаби
„Наместо да одговори на реалните проблеми на граѓаните, тој преку црни кампањи, закани со обвинителство и полиција, преку својата платформа и своите орбановски медиуми, повторно ги активира отпадниците, како Шилегов, Деспотовски и слични „реформатори“ кои всушност работат за обидот за растурање на СДСМ.
Повторно се појавуваат стари приказни, стари играчи, отпадници и исти методи, платени и уценети лица кои треба да внесат немир во редовите на партијата која секојдневно бележи раст и враќа доверба кај граѓаните.
Во исто време, ВМРО-ОКГ е во слободен пад. Загубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања, неспособноста да ја води државата, економскиот распад и корупцијата. Сега се во паника поради почетокот на истрагите во Унгарија за злоупотреба на кинескиот кредит, перењето пари и нивните медиуми во сопственост на Орбан.Мицкоски и неговата криминална организација знаат дека времето им истекува. Затоа брзаат со изјави кон предвремени избори и истовремено се обидуваат да ја дестабилизираат единствената опозиција.
СДСМ јасно порачува:Ние не сме партија која се плаши од провокации. Ние сме партија која расте, која се реформирала, која внесе нова сила, нова енергија и која консолидира своето избирачко тело, и се подготвува да ја врати довербата на граѓаните и да ја врати Македонија на европскиот пат. Не можете да ја застанете новата сила и новата енергија. Нема да отстапиме. За разлика од другите, ние не сме контролирана опозиција каква што би сакале вие, ние сме единствената независна и конструктивна партија во Македонија“, порачаа од СДСМ.