СДСМ: Командирот на единицата „Тигар“ го придружувал Мицкоски во фитнес центар


Откако на социјалните мрежи се појави видео на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како излегува од еден фитнес центар, Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение  прашува „дали заедно со Мицкоски во финтес центарот е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи ‘Тигар’, поставен од техничкиот министер Наќе Чулев?“
Објавената видео снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како Мицкоски со спортска СДСМ уште тврди дека „недоговорното и несериозно однесување на Христијан Мицкоски за време на сериозна здравствена криза предизвикана од коронавирусот е одамна потврдено и тоа не е нешто ново. Лагите на Мицкоски исто така. Заштитните ракавици и маски кои се гледаат на снимката како и облеката по кратки ракави води кон заклучок дека времето не е така одамна“.
Потоа, СДСМ го поставува и прашањето за „кадрите на Наќе Чулев“.
„Граѓаните очекуваат одговори зошто во време кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните кадрите на Чулев се во функција на Христијан Мицкоски?“, прашуваат од СДСМ.