СДСМ ќе се спротивстави на враќањето на Ќосето


СДСМ преку својата советничка група во Град Скопје ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот на Андон Јанев – Ќосето бидејќи, според нив, тој никогаш не треба да биде поставен каде било освен во негативните поглавја од македонската историја.

-Катастрофа му се случува на Скопје секогаш кога ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат градот.Скопје две години е град без перпективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.
И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.

Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет.Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската  антиевропска ДПМНЕ и ништо друго, стои во реакцијата на СДСМ.