СДСМ ќе предложи седум мерки за брз ефект врз стандардорт на граѓаните
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/07/sukova-vodi.jpg)
Откако Владата ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, СДСМ како опозиција ќе предложи закон, во кој ќе се содржат седум економски мерки, што треба да го подигне стандардот на граѓаните.
На денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседател на СДСМ ја изнесе сеопфатната економска стратегија – сет на 7 мерки преточени во закони кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните.
Овие мерки ќе делуваат како финансиска инекција и ќе го стопираат економскиот пад кој се случува, смета опозицијата.
1. Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5% со што сметките за струја на граѓаните ќе се намалат за дури 13%. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе штедат околу 400 денари.
2. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со што граѓаните ќе заштедат 2.000 денари месечно или 12.000 денари годишно.
3. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци.
4. Фиксирање на маржите за основните прехранбени производи.
5. Итно спроведување на Законот за нефер трговски практики со што цените ќе се намалат и до 30%.
6. Намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили.
7. Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Оваа мерка ќе опфати 350.000 граѓани, со месечни зголемувања од 3.000 до 15.000 денари.
„Повикуваме сите пратеници во македонското Собрание да ги поддржат законите кои седумте мерки на СДСМ ќе ги преточи во предлог-закони“, рече Шукова.