СДСМ: Како не ти е срам, Мицкоски!


„Мицковски, како не ти е срам?  Како не ти е срам!! Твоето вчерашно однесување е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија.  Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што ти и твоите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботирате“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадим Костадинов околу вчерашниот инцидент на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кога во еден скопски ресторан вечерал во неговиот затворен дел.

„Како не ти е жал за болните, за докторите, за оние кои поради тебе и таквите како тебе кои не ги почитуваат мерките сега мораат повторно да бидат во карантин.  Како не чувствуваш одговорност за новите заболени ?

Еве го однесувањето на ВМРО преку твојот пример разголено до крај: намерно и организирано не ги почитувате мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени, а твоите гавази во МВР тоа го кријат и намерно не го санкционираат, борејќи се против колегите од МВР за тебе да те сокријат.  Борејќи се против инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, против цела држава.

Па уште јавно лажеш – дека не си бил запознаен, дека само со познајник си седел, дека ти било првпат, дека било човечки?  Нема ништо човечко во твоето однесување, каде твојата теретана и твоите кафеани се поважни од здравјето на луѓето.  Сега што ќе измисли Наќе пак?  Кој отсјај сега ќе те покрива?

Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема.  Во оваа ситуација, политичарите мораме да бидеме пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови.  Срам да ти е!  Граѓаните ќе ценат и ти судат за твојот незрел однос“, рече Костадинов.