СДСМ инсистира, ВМРО ДПМНЕ против идејата да има нов изборен модел за престојните избори


СДСМ не се откажува од идејата да има нов изборен модел, па дури и за претстојните предвремени избори, a ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет. Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа ќе отвори проблеми како во самата постапка за спроведување на изборите така за политичките партии или за граѓаните во однос на запознавањето со истиот како тој ќе функционира и сите останати работи кои што доаѓаат со промена на изборниот модел.

,,Нашиот предлог е 120 изборни единици, мнозински модел со 120 изборни единици и секако дури и сега да се донесе имплементација после изборите на 12 април, бидејќи е многу неодговорно да се влезе во измена на изборниот модел на неколку месеци пред избори. Со нашиот предлог ќе се покаже најголема
транспарентност, најголема отвореност, ќе им се даде на граѓаните едноставно буквално за личноста да гласаат меѓутоа ќе можат на најдобар начин да дадат отчетност од пратениците на тој начин”, истакна Јанушев.