СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат кој повеќе ги понижил културните работници

СДСМ реагираше на извинувањето на министерот за култура Зоран Љутов во вработените во ресорот со оценка дека тоа не вреди бидејќи Владата намерно ги понижува културните работници. Реакцијата се однесува на недавањето плата на врабиотените во културата пред велигденските празници со што е пробиен и заонскиот рок.
„СДС денес, кога се прославува Велигден, дрско повторно се обидува да го дефокусира вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата. Јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го користеше Министерството за култура како алатка за наградување на блиски личности и фаворизирани „уметници“. Да потсетиме:
– Во времето на СДС, од културата се делеа грантови без јасни критериуми, а дел од тие средства завршуваа кај лица блиски до партијата – дури и за проекти што никогаш не се реализираа.
– Последната министерка за култура во времето на Заев, заедно со други функционери, беше под лупа поради финансиски злоупотреби и вработувања на сопартијци и роднини.
– Фестивалите и културните институции добиваа средства според партиска подобност, а не според квалитет, традиција и значење.
Во исто време, министрите и функционерите на СДС беа единица мерка за разузданост:
– Службени автомобили и патувања се користеа за приватни цели;
– Хонорари и договори „во четири очи“ се делеа меѓу себе, како да се дел од нечија приватна фирма, а не државна институција;
– Функционери фатени со раката во медот беа унапредувани или преместувани, наместо да бидат санкционирани;
– Си купуваа маички XXL и плаќаа авио-карти за егзотични дестинации од разбеснетост – кои потоа ниту ги користеа.
Извинувањето на именувано лице е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот. За разлика од времето на СДС, кога грубите навреди и дисквалификации врз уметници и институции беа секојдневие, денес имаме отчетност, одговорност и сериозен однос.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на вистинските вредности во културата – без привилегирани, без партиски кланови, туку со поддршка за сите што навистина творат, вложуваат и придонесуваат.СДС нема никаков кредибилитет да говори за достоинството на културните работници – тие беа тие што најмногу ги понижија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.