СДСМ и ДУИ го нудат 5 јули како датум за избори


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговарал со политичките лидери и партнери на владејачката и предизборната коалиција и притоа се усогласиле дека последниот предлог како датум на одржување на изборите да биде 5 јули.

Со ова, СДСМ и коалиционите партнери имаат за цел првично да им дадат на ДИК 35 дена да се подготват за изборниот процес и да го исполнат барањето на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија која е против изборите во јуни. Ова ќе биде последниот предлог на владата за опозицијата.

Во врска со правните дилеми за тоа како ќе биде поставен новиот датум на избори, се дознава дека претседателот на Собранието ќе ја промени одлуката за изборите на 12 април со изменување и дополнување на административниот документ. Вонредната состојба, која истекува на 30 мај, нема да продолжи. Важно е датумот на изборите да биде поставен пред 30 мај, така што роковите за изборите да започнат на 31 мај.

Двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ официјално не отстапуваат од своите позиции – првите дека краен рок за изборно соочување е 28 јуни и вторите дека изборите треба да бидат во август или во септември.

Од тоа дали во меѓусебната комуникација партиите ќе се договорат за месецот и за датумот за избори ќе зависи и дали претседателот Пендаровски ќе свика нова лидерска средба. таква средба нема да биде потребна само за терминот за изборите.

Дека јули е месецот во кој Македонија ќе оди на избори, вчера го спомена и вршителот на должност премиер на Косово, Албин Курти, а како можност се слуша и во дипломатските кругови.

Од СДСМ повторуваат дека ако до крајот на неделава нема договор за датум за избори, изборите ќе бидат на 21 јуни. Краен рок за одржување на изборите е 28 јуни, за како што велат оттаму, тие да бидат според Уставот и законите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во интервју во емисија „Клан Дебата“ рече дека крајот на август, почетокот на септември можеби би биле добри дати за одржување на изборите од позиција на заштита на здравјето на граѓаните.Од партијата велат дека тешко би се стасало на избори да се оди на 5 јули, со оглед на ситуацијата кај нас со пандемијата. Неофицијално, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во јули би можело да се оди на избори, но во втората половина. Од таму велат дека можеби добро би било да се одреди датум, да речеме од утре и да се следи состојбата на новозаболени од ковид-19 во наредните 14 дена. Доколку по истекот на две недели бројот на нозвозаболени е под 10, тогаш да се одреди датум за избори.