СДСМ и ДУИ ги делат ресорите


И денеска продолжуваат конструктивните работни средби меѓу СДСМ и Коалиција “Можеме” и ДУИ, на ниво на генерални секретари, со цел обезбедување стабилна Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги испорача и оствари сите очекувани услуги и  цели на граѓаните.

Како што соопшти СДСМ откако двете партии ги утврдија коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка влада, денеска се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада, во целост посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите.

Во тек е, се наведува, и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој се постигнати добар напредок и начелни согласности.

-Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите. Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор, стои во соопштението од СДСМ.

Меѓупартиска борба, покрај за премиерската, има и  за министерските места и останатите позиции. МВР, одбрана или генералштаб, финансии, вицепремиер за економија,  и клучното место – министерство за правда, се дел од барањата на Ахмети.

Во меѓувреме додека од Бихачка и Мала Речица се најавува дека Заев и Ахмети нема да го искористат рокот од 20 дена до крај. Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ не најавуваат до кај се со оспорување на потегот на Пендаровски со доделување на мандатот на Заев? Од партијата денеска велат:

– Стево Пендаровски го узурпираше мандатот кај еден пратеник којшто нема мнозинство. Во деновите кои што следат ќе ги дознаете следните чекори како и што ќе биде поднесено и што ќе се случува на тој план.- изјави Димче Арсовски ВМРО-ДПМНЕ.