СДСМ го менува името на партијата согласно Преспанскиот договор?


Денес е 27 април и добро е да се потсетиме колку далеку ВМРО-ДПМНЕ може да оди во својот порив за власт и на што сѐ се подготвени, нагласува лидерот на СДСМ (Фото: Борис Грданоски)

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ би можел да го промени името согласно Преспанскиот договор и Уставот, но, како што рече, за тоа треба да се одлучи на Конгрес на партијата.

-На следните конгреси, тоа не можеме да го направиме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, кој што ретко се свикува. Во периодот од кога се донесени уставните измени сме одржале само еден конгрес, кој беше онлајн. Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор и во Социјадемократскиот сојуз на Македонија. Дури дадовме и информација во делот на новото име СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, рече Заев во одговор на новинарско прашање околу тоа дали ќе го сменат името на партијата.

Ние, додаде тој, транспарентно ја отворивме дебатата затоа што апелираме до сите да постапуваат согласн Уставот и законите, ние секако треба да бидеме пример за тоа.