СДСМ го обвини Ковачки дека ги организирал насилните протести со поранешни припадници на АРМ


СДСМ ги обвини лидерите на ВМРО-ДПМНЕ  и на Левица дека се организатори на насилните антиевропски протести со прашање зошто се кријат кога сите знаат дека стојат зад нив. 
 
-Веќе 7 дена Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата. Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, помогната од Алијанса за Албанците се обиде среде Скопје да испровоцира меѓуетнички конфликт од огромни размери. Инциденти и обид за реприза на 27 април имаше пред зградата на Собранието, како и обид за насилен упад пред зградата на Владата.
 
Антиевропската коалиција направила измислен, анонимен е-маил, како параван, и праќа фотографии по медиуми од протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.Посебна тема е злоупотребата на деца на фотографиите што се лиферуваат од измислениот мејл.
 
Зошто антиевропската коалиција има потреба да се крие кога целата јавност знае дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се организатори?Ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата се лажат. Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио? Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани, порачуваат од СДСМ.