СДСМ: Гласањето за Пенов покажа дека нема ново парламентарно мнозинство

Собранието на Македонија со 63 гласа го изгласа предлогот Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. Според СДСМ со тоа издишала уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
-Со месеци Мицкоски ги лаже граѓаните, го лаже членството дека само што не направил ново мнозинство и не формирал нова Влада. Во реалноста нема и нема да има ништо од тоа.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно, посветено на работа во интерес на граѓаните и носење на потребните законски решенија важни за преговарачкиот процес со ЕУ и за напредокот на државата, стои во реакцијата на СДСМ.