СДСМ ги повика институциите да ги казнат напаѓачите на Асани


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани.Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец.

Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви случаи да не се повторуваат во иднина.

Концептот едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата.