СДСМ: Финансискиот извештај на Силјановска не дава реална слика


Финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец и не дава реална слика за трошоците, велат од владејачката партија СДСМ.

„Од она што може да се види од објавеното на интеренет страницата на Државната изборна комисија финансискиот извештај на Гордана Сиљановска е внесен во несоодветен образец. Финансиските извештаи треба да се подготват и да се внесат врз основа на Образец пропишан од Министерство за финансии, објавен во Службен весник број 65/19 од 29.03.2019 година. Оттука, вака подготвен и внесен во несоодветен образец, извештајот на Сиљановска не дава реална слика, затоа што има оромен дел на нереализирани побарувања, неколкукратно поголеми од прикажаните трошоци“, велат социјалдемократите.

Во ваква форма, според нив, финансискиот извештај не може да се споредува со оној на претставниците на групата избирачи на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој е внесен во соодветен образец, прецизен, реален и со точно наведени ставки кои што ја даваат објективната слика и, како што нагласуваат, граѓаните можат да имаат комплетен увид.