СДСМ: Доста за правилникот; кажете како пет тони канабис ја поминаа границата
Опозициската СДСМ денеска повторно го постави прашањето – како петте тони медицински канабис ја преминале границата и завршиле во Србија и побара од властите да одговорат на тоа а не постојано да се поставуваа загатката за „правилникот“. СДСМ вели дека сето тоа што го пласира ВМРО-ДПМНЕ се лаги и ги наведува сите измени на законите за дроги и психотропни супстанци кои се донесени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
- Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.103/08, 2008 година
- Законот за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.124/10, 2010 година
- Законот за изменување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.164/13, 2013 година
- Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.149/15, 2015 година
- Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.37/16, 2016 гдоина
- Законот за изменување и дополнување на Законот за контролана опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.53/16, 2016 година
- Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.193/17. 2017 година
До доаѓањето на власт на СДСМ во 2017 година одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата на ВМРО имат добиено дваесет и девет фирми.
„Кој е на власт во изминатите 2 години? СДСМ или ВМРО? Кој ги даваше субвенциите? Кој вршеше контрола?“, прашува СДСМ.