СДСМ доби градоначалник во Охрид


Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

Според преброените 29 илјади или 90 проценти од гласовите, Георгиески има убедлива предност од речиси четири илјади гласа пред противкандидатот на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски.

Во изборниот штаб на СДСМ во Охрид веќе се слави, оттаму што сегашната разликата во гласовите укажува на извесна победа на градоначалничките избори.