СДСМ до Данела: Не те избраа да ја префрлаш на други вината, туку да работиш!


Фото: Б. Грданоски

СДСМ  ја обвини утрово градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,  дека се обидува на други да ја порефрли вината за своето неработење, откако таа најави штрајк без преседан досега, односно управа на Град Скопје место да го решава проблемот со кризата околу градскиот автобуски сообраќај , да повикува на протест пред Владата, како од „најдобрите времиња“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Вака како што тргнала, според СДСМ, Данела не само што нема да обезбеди бесплатен јавен превоз туку ќе го остави градот и без превоз.

„Градскиот превоз и функционирањето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје се пред колапс заради неспособност, тендери и провизии на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Не само што нема нови автобуси, не само што нема бесплатен превоз, туку на Скопје му се заканува ситуација и воопшто да нема јавен превоз, нешто што досега се нема случено.И сето тоа поради градската власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничка којашто тие ја промовираа, ја поддржаа и којашто ја избраа на чело со медарот Христијан Мицкоски, исклучиво таму е вината за ваквиот колапс.

Граѓаните на Скопје не ги избраа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивната градоначалничка да излегуваат во јавноста и да ја префрлаат вината на кој ќе им текне туку да работат.СДСМ преку својата советничка група нема да дозволи неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри да биде на штета на Скопје и скопјани“, порачаа од оваа партија.