СДСМ денес со марш ќе се бори за правна држава


Со марш под мотото „Чекориме за правда“, што ќе вечерва во 18 часот ќе почне од пред македонското Собрание, СДСМ ја најува битката за правда и за создавање правна држава. Претседателот на СДСМ Зоран Заев маршот го најави вчера, веднаш по усвојувањето на Законот за јавно обвинителство, кој, како што рече, е темел на реформите во судството.

Тој ги повика сите што се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на маршот.

„Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – Судот“, повика Заев.

Маршот за правда следува по успехот на Заев да обезбеди мнозинство од 80 пратенички гласа за Законот за јавно обвинителство, на кој остро се спротивставуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Заев успеа да ги мобилизира и обедини сите пратенички групи и парламентарни партии во Собранието, наспроти ВМРО-ДПМНЕ, која остана осамена во тврдењето дека предложениот Закон за јавно обвинителство не е во интерес на правдата и реформите во правосудството.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта на сила го донесе Законот кој, како што велат, обезбедува амнестија за криминалите на СДСМ.