СДСМ бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од платите кога веќе блокираат


Фото: Б. Грданоски

 

Ако веќе од денес спроведуваат активна блокада на Собранието тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата треба да се откажат и од платите, бара владејачката СДСМ.

„Задача на пратениците е да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале, да носат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата.

Пратениците кои го бојкотираат и блокираат Собранието, кои не работат ништо како што тоа го прават пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.

Кога веќе не ја работат работата за која се платени, кога ја попречуваат работата на целото Собрание, тогаш, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба итно да се откажат платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги донираат кај граѓаните, затоа што во вакви околности тоа не треба да им следува“.

Од СДСМ пресметале дека на месечно ниво тоа изнесува 40.000 евра само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и велат дека плата треба да побараат од Христијан Мицкоски“.

„Кога веќе решиле наместо на граѓаните да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нега бараат плати за ваквото неработење за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата“.

СДСМ најавува дека остро ќе се спротивстави на овие блокади и нема да дозволи тие да ја вратат државата назад.