СДСМ бара намалување на ДДВ-то за струја, за прехранбени производи и на цената за Зелен картон
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/07/venko-filipce-nov-pretsedatel-na-sdsm.png)
Граѓаните се под огромен финансиски притисок каков што немало изминатите години. Се помалку пари имаат во џебовите, нема нешто што не е поскапено – оцени денес на прес конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, Владата очигледно не прави ништо, ниту пак има план и стратегија како да го подобри стандардот на граѓаните.
„Ограничувањето на маржите како единствена мерка нема да даде ефект“, порача Филипче додавајќи дека маржите се задицнети и однапред најавени, така што трговците имаа време да ги качат цените за да ги намалат ефектите. Затоа, тој излезе со седум конкретни предлози.