СДСМ бара Мицкоски даде оставка и отчет за „Титаник“

Денеска Христијан Мицкоски требаше да даде отчет за „Титаник“, да поднесе оставка, да се извини и да побара враќање на парите кај граѓаните, вели СДСМ


 

Владејачката партија СДСМ вечерва побара оставка на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски по признанието на вината на повеќемина клучни соработници на Никола Груевски обвинети со злучајот за изборни злоупотреби „Титаник“. И го критикуваше соопштението на опозицијата дека прекинот на струјата во цело скопје поради големиот дефект било само поради тоа што Мицкоски држел говор за отчетот на вмровските градоначалници во првите сто дена.

„Заврши времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски цели, Северна Македонија денеска е демократска и слободна земја. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеноста со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти.

Тоа во суштината е и признинето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметот ‘Титаник’ и целиот криминал на режимот.

Денеска Христијан Мицкоски требаше да даде отчет за ‘Титаник’, да поднесе оставка, да се извини и да побара враќање на парите кај граѓаните.

Во однос на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ јасно е дека се најнеспособните во историјата, за 100 дена не сработеа ништо, немаат ниту еден нивни проект.

Бидејќи немаат што да кажат пред граѓаните денеска дадоа отчет пред нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски.

Гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот начин на размислување и делување управувана од двоецот Мицкоски – Груевски“, вели во своето соопштение СДСМ.