СДСМ бара Апелацискиот суд веднаш да постапува за „Талир 2“ за да не застари
Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски, изјави денес генњералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ.
Апелацискиот суд има рок до 31 август да одлучи по жалбите на обвинителството.
„Партизираното судство под контрола на Мицкоски го ослободи Никола Груевски со првостепената одлука и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ОКГ.
Претходно предметот ‘Талир 2’ беше одземен од поранешниот обвинител како класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите.
Мицкоски го спаси Груевски, сѐ уште не распишува ниту потерница по него. Сега Апелацискиот суд има шанса да ја поправи грешката и да создаде нова шанса за правда“, рече Димитриевиќ.