СДСМ 100 илјади гласа помалку од 2017-та, а ВМРО-ДПМНЕ 16 илјади


Пендаровски освои вкупно 323. 846 гласови, Силјаноска 319.240. Кога нивните резултати ќе се споредат со партиите кои ги кандидираа и нивните резултати од последните локални избори ќе се види дека Пендаровски освоил речиси 100 илјади гласа помалку од советничките општински листи на СДСМ пред година и пол. (СДСМ-локални избори 420.294) Има пад, но многу помал во гласовите на Силјаноска наспроти ВМРО-ДПМНЕ од 2017-та. Тогаш партијата доби 335.579 гласа, а сега нивниот претседателски кандидат освои 16 илјади гласа помалку.