Сценска промоција на новата книга од Марта Маркоска


Поетесата Марта Маркоска ќе одржи сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book).

„Дојдете во мојата соба, ќе Ве доведам до климакс само со зборови“, се вели во поканата за промоцијара која ќе се одржи во „Јавна соба“ на 17. април (среда) во 21.30 часот.

Книгата е поддржана од програмата за култура на Град Скопје за 2019 година, а издваач е „Матица ексклузив“.