Саудиска Арабија го рестартираше нафтоводот Исток – Запад


Саудиска Арабија го рестартираше нафтоводот Исток – Запад и би можела да продолжи со извозот од пристаништето Јанбу на Црвеното Море.

Саудиска Арабија на 13 септември го затвори нафтоводот Исток – Запад поради напади со дронови, со што беше запрено товарењето на нафта во пристаништето Јанбу.

По рестартирањето на нафтоводот Исток – Запад денеска се намали цената на нафтата Брент за повеќе од два долара по барел.

Неименуван извор наведе дека нафтоводот ќе ги снабдува со сурова нафта рафинериите на „Арамко“ на Црвеното Море, а за денеска е предвидено во пристаништето Јанбу да се товари нафта наменета за Кина.

Други два неименувани извори посочија дека трговците се подготвуваат да товарат саудиска нафта, тие ќе ги преместат танкери во египетското медитеранско пристаниште Саид за претовар од брод до брод, како и во пристаништето Сиди Керир.