„Саубермахер“ присилно ќе наплаќа сметки за комунално одржување во Тетово


По повеќекратни претходни апели и известувања до корисниците за редовно подмирување на
обврските, „Саубермахер“ Тетово информира дека во текот на јули 2026 година ќе започне
постапка за присилна наплата на доспеаните неплатени обврски преку нотарска постапка.

Компанијата која веќе трета година професионално и одговорно ја извршува услугата за собирање и транспорт на комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти, апелира до сите корисници кои имаат неплатени обврски по основ на издадени фактури, истите да ги подмират во најкус можен рок. На тој начин може да се избегне започнување на постапка и на дополнителните трошоци поврзани со нејзиното спроведување.

Плаќање на фактурите и регистрацијата како корисници на услуги може брзо и едноставно да се направи, со посета на:
 Канцеларијата во Долно Палчиште
 Канцеларијата во Тетово, во близина на ООУ Лириа
 Канцеларијата во просториите на ЈКП Тетово (Зелен пазар)
Или преку дигиталните алатки:
 Е-услуги на веб-страницата  www.saubermacher-tetovo.mk и
 Мобилна апликација „Saubermacher Tetovo", достапна на Google Play и App Store
За дополнителни информации корисниците можат да се обратат на бесплатниот телефонски број 08000-8000 или на електронската адреса [email protected].

Со редовно плаќање се обезбедуваат подобри услови за живот во нашиот град и се избегнуваат
непријатни и непотребни ситуации кои можат да настанат во текот на извршните постапки.

Вашата соработка е од голема важност и со навремено подмирување на обврските придонесуваме кон подобро функционирање на нашата заедница.