Сашо Мијалков и брат му одликувани со орденот „Свети Николај“ на МПЦ
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и неговиот брат, Владимир Мијалков, беа одликувани со орденот „Свети Николај“ од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Наградата им ја додели Брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот ктиторски придонес во изградбата на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село, Штип, пренесува порталот „Религија“.
Црквата, која беше осветена завчера, е проект што браќата Мијалкови финансиски го поддржале во нивниот роден крај. Во свечениот чин на осветување учествуваше архиепископот Стефан, во сослужение со митрополитот Иларион и епископот Јаков, објави порталот „Религија“.
Ова е прво појавување на Сашо Мијалков во јавност по неговото ослободување од затвор. Тој претходно беше на „црната листа“ на САД и осуден за злоупотреби на службената положба.