Сашко Гешовски
Натписот наведен на плочата во Сплит е груб, опортунистички фалсификат, бидејќи Сашко не „настрада несреќно“ на 6 мај 1991, туку беше убиен од некој што беше дел од вжештената, опасна толпа
По 33 години се сетија да постават спомен плоча на зградата Бановина, до војната Команда на воено-поморската област на ЈРМ, а денес седиште на сплитската бирократија, на која ќе пишува: „Сашко Гешовски, Кавадарци, 31.05.1971 – Сплит, 6. 5.1991. Несреќно настрада на 6 мај 1991 година“.
Кој е Сашко Гешовски за да го заслужи сеќавањето на јавноста? Дали е некој поет кој пишувал стихови од бајките на неполни 20 години? И како „несреќно настрада“? Дали можеби се лизна на мермерните скали на Бановина додека ги составуваше стиховите, па удри со главата и умре? Или можеби го удрил автомобил пред неа, на сплитската рива, а несовесниот возач побегнал и го оставил да искрвари до смрт? Ех, толку многу прашања за оние помалку запознаени со ситуацијата, а толку болно погубни за вистината за тоа како и зошто загина Сашко Гешовски.
Во основа, тоа беше 6 мај 1991 година. Синдикатот на сплитското бродоградилиште организираше „мирен“ протест пред Командата на ВПО, а на него се приклучија и работниците од другите големи фабрики во Сплит, заедно со бројни граѓани, па бројот на насобраните луѓе тоа утро порасна на десетици илјади луѓе. Протестот поради српската окупација на хрватското село Киево во тогашна Краина беше сè само не мирен и, како што сакаат да кажат локалните известувачи, „достоинствен“. Бев таму како репортер на ХТВ, ја снимивме избезумената толпа и како на траспортерот се качи еден човек и буквално го дави младот војник кој едвај се спаси, како желка го спушти капакот на транспортерот и потоа помина неколку часа треперејќи во него. Видеото беше објавено само еднаш, а потоа ХТВ внимателно го цензурираше и го стави во архивата на вистински документи од војната. Арогантните офицери на ЈНА провокативно изнесоа два транспортери пред зградата со тројца млади Македонци кои го служеа воениот рок, а пред вратата испратија уште еден. Сашко Гешовски. Во кого еден од „мирните“ демонстранти испука куршум и го уби.
Така пред вжештената, опасна толпа, се најдоа четворица млади војници сите – каква случајност – Македонци, кои не ги интересираше конфликтот меѓу Хрватите и Србите. Кој ги испрати тие деца и несреќниот Сашко пред разбеснетата толпа? Од Книн допатувал извесен Љубиша Беара, воен разузнавач, каде што раководеше со протерувањето на хрватското население од тој дел на Хрватска, за во летото 1995 да сед најде во Сребреница, со цел бирократски прецизно да пресмета како да се убијат повеќе од осум илјади Бошњаци за само неколку дена. Подоцна беше осуден во Хаг за геноцидот во Сребреница, а потоа почина во 2017. Новинарот и писател Ивица Џикиќ напиша сјајна анализа за тоа зло во книгата со наслов „Беара“.
Секако, може да се каже дека на „мирниот“ протест на тој кобен ден, Сашко Гешовски беше убиен поради истото националистичко зло што го одведе Беара во злосторство; разликата е само во етничкиот предзнак на злото и во бројот на жртвите. И затоа натписот наведен на плочата е всушност груб, опортунистички фалсификат, бидејќи Сашко не „настрада несреќно “ на 6 мај, туку беше убиен пред зградата на Бановина. Со куршум кој пристигна од толпата чии многу учесници сигурно знаеја кој пукаше и уби. Тоа можеле да го знаат „Службите“ кои го снимаа хистеричниот протест, а ако сакале можеле да го идентификуваат и убиецот. Но, тие не го сторија тоа, бидејќи фер судење тогаш би значело и исплата на отштета на родителите на убиениот Сашко и признавање дека тоа во никој случај не беше само оправдан, мирен протест, туку излив на опасен национализам од страна на оние кои – и покрај тоа што во меѓувреме им се уништени сите фабрики каде што работеа, а тие се најдоа на улица – и натаму се верници на злокобната партија на власт, па сплитските бранители, самонаречените чувари на вистината за војна, силно ќе протестираат против спомен плочата на младиот Македонец. Затоа што ваквата плоча „би внесла неприфатливи и историски неточни инсинуации за одговорноста на демонстрантите за неговата смрт“. Инсинуации? Ех, тие знаат дека „иако неговата смрт сè уште не е целосно разјаснета, клучно е да се нагласи дека демонстрантите кои се бореа за својата слобода и своите животи, не се одговорни за неговата смрт“.
Оттаму, велат, „таквата плоча само би отворила нерешени прашања и би вовела дополнителни поделби, сугерирајќи вина кај демонстрантите“, и затоа е подобро, макар и лажно, убиството на младиот Македонец да се нарече несреќен случај и наместо за него предлагаат спомен плоча на „големиот настан во сплитската историја, протестот на работниците и граѓаните кои на 6 мај 1991 г. застанаа против агресијата на ЈНА“.
И сигурно нема да расипеме толку важен историски настан со сеќавање на една мала смрт, едно намерно прикриено убиство. Особено ако се знае кој бил инспираторот на тој „голем настан“, тоа е претседателот на Хрватска, „злотворот“ Фрањо Туѓман, кој ден претходно се сретна со претставници на ХДЗ, па наводно пради окупираното Киево им рекол: „Можевте да отидете заминале со сто, двесте, пет илјади луѓе пред Военопоморката команда и да им поставите барање…“ ХДЗ промптно ја исполни наредбата, собра вооружена маса, Киево не беше ослободено, Сашко беше убиен.
Е, да, натписот на плочата би требало да биде напишан на латиница и кирилица. Кирилица? Тоа значи дека таа ќе трае точно онолку колку што му требаше куршумот од раката на некој „патриот“ да стигне до Сашко Гешовски. Залудна смрт. Залудна, лажна спомен плоча.
(Хени Ерцег е позната хрватска новинарка. Текстот е објавен во словенечкото списание „Младина“.)