Саша порасна: Помалата ќерка на Обама славеше матура


САД- Помалата ќерка на поранешниот американски претседател Барак Обама, Саша Обама, наполни 17 години, а фотките од нејзината матурска забава направија бум на интернет. Сите се импресионирани од нејзиниот изглед со коментари дека речиси не можат да поверуваат дека тоа е истото 8-годишно девојче кое отиде да живее со родителите и повозрасната сестра Малиа во Белата куќа.

За матурската забава во градината на нивниот дом во Чикаго Саша носеше тесен црн фустан со висок засек, а обожавателите на семејството Обама се воодушевени од нејзиниот изглед. Имајќи во предвид дека Саша ретко се појавува во јавност, нејзиниот изглед како матурантка беше вистинско изненадување за многумина.

Саша на есен треба да тргне на факултет, но уште не се знае кој универзитет ќе го одбере. Нејзината сестра Малиа студира на Харвард.

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, освен што потпишаа милионски договори за своите книги, сега влегуваат во продуцентски води.

Двојката потпиша повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“  и ќе бидат продуценти на некои идни филмови и серии.

– Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од „Нетфликс“ .

Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Барак и Мишел Обама претходно основаа компанија под име „Хајер граунд продакшнс“.