Сари: Ќе ја почитувам секоја одлука на Азар


Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, изрази големо задоволство од изданието на Еден Азар на вчерашниот натпревар со Манчестер јунајтед (1:1) и додаде дека ќе ја почитува одлуката на Азар околу неговата фудбалска иднина.

  • Многу сум задоволен со Еден, бидејќи добро игра и се бори на теренот за секоја топка. Неговата иднина? Ќе ја почитувам секоја негова одлука, истакна Сари.

Претходно во медиумите се појавија информации дека 28-годишниот белгиски напаѓач во текот на летото може да оди во Реал.

Во тековната сезона, Азар настапи на 47 натпревари за Челзи, постигна 19 гола и оствари 13 асистенции.