Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен добива нов покрив, вели Стефоска


Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен и Домот на култура „Драги Тозија“, добива целосно нов покрив.

Во тек е реконструкцијата која се одвива во две фази, а е предвидена во годишната програма на НУ Завод музеј Битола, финансирана од Министерството за култура. Првата фаза е во вредност од околу два милиони денари.

-Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење во целокупната заштита на нашето културно богатство, вели Стефоска во објава на Фејсбук.

Стефоска сподели уште една вест Од Преспа – дека започнал процесот на санација, конзервација и реставрација на старото училиште во с. Љубојно.

-Заврши процесот на обезбедување на заштитно конзерваторските услови од страна на надлежните институции, НУ Завод и музеј – Битола и Управата за заштита на културно наследство од Скопје. Зимскиот период ќе биде искористен за изготвување на потребната проектна документација, што ќе овозможи во текот на следната година да се пристапи кон практични активности на непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект за целата држава“, пишува Стефоска на Фејсбук.