Сараево доби банкомат за биткоин


Главниот град на Босна и Херцеговина го доби првиот биткоин банкомат, кој беше отворен во центарот на Сараево.

Зад банкоматот стои Shitcoins.club, а преку банкоматот е можно брзо и лесно менување на криптовалутите BTC, ETH, LTC и USDT во готовина и готовина во криптовалута, а се поддржува и работа во домашна валута, пренесува Indikator.ba.

Мрежата на биткоин банкомати Shitcoins.club започна во мај 2017 година, а првиот банкомат за криптовалути беше отворен во Полска каде што корисниците можеа да купуваат или да продаваат криптовалути за готовина.

По Полска, мрежата се прошири во странство, а во моментов компанијата има свои банкомати во речиси цела Европа и продолжува да го шири својот досег.

Прометот на криптовалутите во Босна и Херцеговина не е законски регулиран.

Оданочувањето на трговијата со криптовалути сè уште не е дефинирано со Законот за ДДВ во Босна и Херцеговина.