Во „Клик Плус“ на ТВ21 специјалниот преставник на Западен Балкан за Германија Мануел Сарацин, коментираше за уставните измени, кои се услов за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија. Сарацин кажа дека Северна Македонија не треба повеќе да губи време, а за гласањето за уставни измени, кажа дека не е негова работа да оценува.

„Сметаме дека на маса има европски договор и дека мора да се прифати или да се гласа против. Но, нема да има други зделки на маса. Колку пратеници ќе гласаат за уставни измени и како, не е моја работа да оценувам. Но, велиме отворено и искрено, разговараме со сите! Се обидуваме да ги разберат нашите аргументи, заради европската интеграција, за заедно со Германија, Северна Македонија да тргне на ова патување. Во никој случај не им се закануваме и не се мешаме во нивните одлуки, туку им кажуваме дека тоа се нашите аргументи, доколку сакате да ни се придружите и да слушнете. Аргументот е дека сакаме да се вклучиме во оваа состојба и дека стабилноста и јасноста на ова, за Северна Македонија во европските интеграции, е одлучувачка и бара ангажман. Особено во ова време. И второ, мислам дека оваа држава не треба повеќе да губи време. Изгубено е доволно време, и поради нас. Не само по нејзина вина“, рече Сарацин.