Сарацин и Франгеш на средба со Ковачевски: Треба да преовлада зрелоста


 

Двајцата специјални претставници за Западен Балкан, на Германија и Словенија, Мануел Сарацин и Анжеј Франгеш, денеска се сретнаа со премиерот Димитар Ковачевски.

На состанокот се било изразено очекување дека во претстојниот период, ќе преовладаат зрелоста и одговорноста кон државата и граѓаните, наспроти партиските интереси, и дека политичките претставници, избрани од граѓаните ќе ја реализираат мнозинската волја на народот за членство во ЕУ и можноста пред која е исправена земјата, стои во владиното соопштение

Сарацин и Франгеш ја реафирмираа поддршка од Германија и од Словенија на македонските евро-интеграции и повикаа забрзано да продолжи започнатиот европски пат без застој.