Сара Мејс со нова песна „Трепет“, совршена за есенски денови


Дружењето и музиката си го направија своето, споија уметници кои створија едно музичко дело за уживање во овие есенски денови.


Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна и уникатен видео спот. Песната е насловена како „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента.

Песната е на Сара и е настаната пред неколку години, кога на Макфест е изведена од Тања Би, со аранжман на Дамир Имери. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на Skopje Unplugged 2020.

„Бојан и Марија често пати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време кое што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиревме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние кои што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“, изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.

https://www.youtube.com/watch?v=-NlqeT9e3_k&ab_channel=SarahMace