Сара Мејс по вторпат мајка


Пејачката и харфистка Сара Мејс ќе стане мајка по втор пат. Со сопругот, водителот и лице за односи со јавноста Димитар Атанасовски, не го откриваат полот на детето.

Радосните вести ги сподели Сара на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од ултразвук.

-Бебе број 2. (Ако ги броиме со Атос и Бела со Димитар Атансовски, а треба, тогаш е број 4), напиша Сара покрај фотографијата.

Двојката ја има тригодишната ќерка Илина. 

Мејс, бунтовната дама на македонската естрада, препознатлива со својата необична фризура, тетоважите и необичниот стил на облекување, се радува на повторната улога на мајка. Вели, ги издржала мачнините во првото тромесечје, сега може пополека да се подготвува за новите родителски предизвици.

На естрадата е над девет години. Почна со дуетот “Цимерки”, препознатлива по хитовите Врне врне“, „Сон“, „Намбареја“…

Заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатиноваи Емилија Колоска, на прагот од 2022 година, на македонската јавност ѝ подготвија вистинско празнично музичко изненадување. Новата изведба на наjпознатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална а капела преработка, беше дел од новогодишниот проект на Sarah Mace & the Christmas Girls, насловен како „A Cappella Christmas Carols“.