Сара Фергусон за времето во пандемија: Не можете стравот и загриженоста да ги замените со храна


Англија- Сара Фергусон, војвотката од Јорк за Yahoo Lifestyle се отвори за тоа како таа се справува со глобалната пандемија на коронавирус, и што прави во карантин.

Иако е потресена што нејзината ќерка принцезата Беатрис заради короната ја откажа претстојната кралска свадба со италијанскиот благородник Едуардо Мози, војвотката од Јорк вели дека  ужива во своето време во изолација.

„Навистина уживам што наоѓам нешта  да ги направам во време на карантин. Се повлекувам во мојата фантазија и читам инспиративни книги “, раскажува Фергусон во ексклузивното интервју.

„Го прочитав Man’s Search for Meaning  на Виктор Френкл, за неговото искуство од Аушвиц. Се работи за пронаоѓање на смисла во животот и покрај неизбежните трагедии и ме потсетува колку сме среќни, што и да се случува на светот “.

60-годишната Фергусон, која неодамна потпиша договор за седум книги со австралискиот издавач Serenity Press, исто така изјави дека многу повеќе пишува сега и на повеќе книги за деца“.

Сара, која претходно беше во брак со синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру, кој е исклучен од кралските должности по скандалот со милијардерот-педофил Џефри Епштајн, кој му беше пријател, исто така сподели некои од нејзините совети за справување во овој тежок период на изолација, дека за многумина тоа довело до зголемување на стресот и вознемиреноста, па дури и прејадување.

Војвотката рече дека може да разбере дека луѓето потенцијално „наоѓаат утеха во храната“.

„Мислам дека сте загрижени и исплашени за моменталната состојба и дека наоѓате утеха во храната“, вели таа.

„Од моето искуство би сугерирала дека треба да бидете во контакт со тој мал глас во вашата глава и да прифатите дека е во ред да бидете загрижени и исплашени во моментот и дека не можете да ги намачкате тие чувства со храна“.

Таа исто така вели дека птиците биле голема помош за неа.

„Секој ден, минувам една минута за да снимам мало видео на птиците што пеат“, открива таа. „Го нарекувам мој оркестар. Секое утро го слушам и можеби е моја фантазија, но се чини дека е погласна од кога било “.

Успешниот автор на 25 книги, Војвотката ќе издаде седум книги преку Serenity Press. Првата книга ќе биде достапна кон средината на 2020 година.

Кога станува збор за изнаоѓање идеи за нејзините приказни, Сара вели дека имала активна имагинација уште од времето кога била дете, додавајќи дека црпи многу инспирација од природата.

„Бидејќи имам такво чувство на радост како дете во моите денови, ми доаѓа лесно да пишувам и да бидам описна“.

„Порано играв со часови надвор, ги ценев птиците, животните, цвеќињата и дрвјата. Се сеќавам дека правев имагинарни чаши од чај од лисја.

„Се чувствувам многу среќно што можам да ја споделам магијата на моето детство и моето патување до 60 години, колкушто имам сега. Учив многу од децата со кои се запознав со годините. Тие ме научија на храброст, прошка, љубов, благост и љубезност и се обидувам да го споделам сето ова преку детските книги “.

И со две свои ќерки, принцезата Евгенија, сега мажена и принцезата Беатрис, Сара не може да чека да започне да ги споделува своите приказни со потенцијалните внуци.

„Ако имам среќа да бидам благословена со внуци, тоа ќе биде најубаво чувство на радост за мене и секако дека ќе создадам приказни секој ден за нив“.