Санкционирани 187 непрописно паркирани во Општина Центар минатата недела


Фото: Б. Грданоски

Минатата недела, на територијата на Општина Центар, се санкционирани 187 непрописно паркирани возила, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Како што стои во соопштението, во периодот од 21 до 27 декември 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, се отстранети 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“, санкционирани се 85 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.