Санчез добива бонус од 75 илјади фунти штом ќе излезе на терен


Англија- Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез има неверојатна клаузула во неговиот договор со клубот, која сепак му носи проблеми кај неговите соиграчи.

Поранешниот играч на Арсенал добива бонус од 75 илјади фунти, секојпат кога ќе се појави на теренот за „црвените ѓаволи“.

По неговото пристигнување на „Олд Трафорд“, Чилеанецот доби плата од 400.000 фунти неделно, значително повисока отколку што ја добиваше во Арсенал. Износот е исто така поголем од надоместокот на Пог Погба.

Од Алексис Санчез се очекуваше многу повеќе во дресот на Манчестер Јунајтед, но играчот постигна само 5 гола во 42 натпревари. Чилеанскиот репрезентативец страда од повреди кои го спречуваат да ја покаже неверојатната форма, во која беше во дресот на „топџиите“.