САМСУНГ ГАЛАКСИ С10+: Премиум-смартфон од семејството Галакси


Моќен, функционален, иновативен. Три карактеристики кои го дефинираат Самсунг галакси С10+. Овој уред отвора нова перспектива во светот на “паметните“ телефони благодарение на ултрасоничниот скенер за отпечатоци, тројната задна камера и карактеристиките со кои тој се претвора во мини лаптоп со кој ќе завршите секакви задачи, без разлика каде се наоѓате.

Со 6,4-инчен динамичен „Infinity-O“ АМОЛЕД екран, во кој е имплементирана технологија за ултрасоничен скенер за отпечатоци која ги чита 3Д-контурите на отпечатокот на корисникот, Галакси С10+ претставува вистински уред за работа, но и за уживање. Доколку имате потреба да завршите нешто за работа, веднаш, но во моментот патувате, С10+ е вистинска прва помош! Благодарение на екранот, моќните перформанси и различните функции, можете со леснотија да одговарате на мејлови, да направите беспрекорна презентација или, пак, да ја прочитате вашата омилена онлајн-книга без дистракции. За да се овозможи ова искуство, тимот на Самсунг ги отстрани рамките и „notch“ – отворот за камера и создаде работна површина за максимално користење на уредот. Како прв „HDR10+“ сертифициран смартфон, неговиот екран прикажува кристално јасна дигитална содржина, а со динамичното мапирање на тонови, корисниците ќе може да гледаат поголем опсег на бои за брилијантна, реална слика. На овој начин, уживањето во видеосодржините е на уште повисоко ниво.

Нова иновација – безбедност на врвно ниво
Преку ултрасоничниот скенер за отпечатоци, отклучете го телефонот на ваш уникатен начин. Скенерот ги чита 3Д-контурите на отпечатокот на прстот и овозможува навистина голем степен на безбедност.

Камера за професионалци
Вашата мини професионална камера е во вашиот џеб. Со новиот С10+ и моќните перформанси на тројната задна камера, создадете фотографии кои ќе бидат на професионално ниво. Сево ова, е овозможено со ултрашироката леќа која има видно поле од 123 степени. Фотографирајте и доловете ги моментите онака како што ги гледате.

Чувство на слобода при креирање податоци
Со неверојатната меморија до 1 терабајт, која може да се надополни со микро СД картичка од 512 гигабајти, создавајте фотографии, видеосодржини, играјте игри, симнувајте апликации и чувствувајте се слободни бидејќи вашиот С10+ нема да се преполни и секогаш ќе имате доволно меморија.

Перформанс за 10+
Најновиот С10+ има напреден софтвер базиран на вештачка интелигенција кој учи како го користите уредот и ги оптимизира перформансите согласно вашето користење. Преку автоматско приспособување на батеријата, процесорот, меморијата, температурата на уредот, Галакси С10+ се оптимизира и вие го добивате најдоброто од него. А, преку режимот за адаптација и заштеда на енергија имајте полна батерија со помош на постојано оптимизирање на апликациите што ги користите.

Галакси С10+ отвора нови можности за љубителите на напредни технологии. Со квалитетот и перформансите што ги поседува, дефинитивно е вистинскиот уред на кој без проблем може да се потпрете во секој миг.