Самостојна изложба на Ангел Димовски-Чауш


На 4.3.2022 година (петок) во ликовниот салон на МАНУ во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски-Чауш.

На изложбата ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во разни материјали, бронза, дрво, алуминиум, мермер, што авторот ги работел во изминатите 50 години, вклучително и дела што се изработени во последните неколку години, а кои до сега не се изложувани.

Изложбата ќе ја отвоти академик Васко Ташковски.

Сите љубители на уметноста изложбата ќе може да ја разгледаат до крајот на месец и влезот е бесплатен.