Самобор и годинава му оддаде голема почест на Кочо Рацин
Градот Самобор, во непосредна близина на Загреб, е незаменливо место за заедницата на Македонците во Хрватска. Самобор ја поврзува Хрватска и Македонија со големиот македонски поет и основоположник на современата македонска литература, Кочо Рацин, кој нелегално ја отпечати својата стихозбирка „Бели мугри“ таму пред 84 години. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј.
Традиционалниот собир и годинава започна со положување венци и цвеќе на бистата на Коча Рацин до Музејот, на кој присуствуваше и македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи. Предавање за животот и делото на Кочо Рацин одржа професорот по историја Горан Коров, а потоа рецитали со поезија на Рацин читаа ученици кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска. Покрај тоа настапи и пејачката група „Моми бисерни“ предводена од Сафиудин Алимоски.


Водителка на програма беше Ивана Брезовец, а настанот се одржа под покровителство на Советот за национални малцинства на Хрватска и Самоборскиот музеј.