Само што го реизбраа Анджеј Дуда падна во мрежата на руските шегаџии


Анджеј Дуда разговарал 10 минути со руските шегаџии

Полскиот претседател мислел дека разговара со генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, по победата на изборите

 

Новоизбраниот полски претседател Анджеј Дуда падна како жртва на еден пар руски шегаџии, кои се преправаа дека е генералниот секретар на Обединетите нации, и призна дека Доналд Трамп не му се јавил да му честита за изборната победа.

Шегаџиите во вторникот објавија снимка од телефонскиот разговор со полскиот претседател, кој мислеше дека зборува со Антонио Гутереш. Во средата, канцеларијата на Дуда потврди дека разговорот се случил и снимката е оригинална.

Во клипот објавен на Јутјуб, Дуда зборува повеќе од 10 минути за пандемијата на корона вирус, за последните избори и за односите на земјата со Русија и Украина. Дуда рече дека Полска ја има пандемијата „под контрола“ и дека не претставува ризик за неговата изборна кампања. Тој исто така рече дека Трамп „не се јавил, но можеби и испратил службено писмо“. Дуда се состана со американскиот претседател неколку дена пред изборите, при што Трамп рече дека Полска прави „сериозни напори да го поддржи владеењето на правото“.

Пранкстерите тврдеа дека разговарале со поранешниот полски премиер Доналд Туск, долгогодишен ривал на партијата Право и правда на Дуда, кој реагираше налутено за време на изборната кампања, кога Дуда тврдеше дека ЛГБТ „идеологијата“ е полоша од комунизмот.

„Јас навистина не ги дискриминирам“, му рече Дуда на лажниот Гутереш. „Имам огромна почит кон секое човечко суштество“, рече тој, додавајќи дека Туск „не ми се допаѓа“.

Во средата наутро, Туск напиша на Твитер: „Вие ми се допаѓате, господине претседател. Особено поради вашата отвореност“.

Шегаџиите се Алексеј Столјаров и Владимир Кузњецов, познати како Лексус и Вован. Тие тврдат дека имале бројни жртви, вклучително и претставувајќи се како тогашниот украински претседател Петро Порошенко во разговорот со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган. Тие, исто така, разговарале со Елтон Џон додека се преправале дека се Владимир Путин. (Според агенциите)