Пендаровски во Њујорк престојува од 18 до 22 септември и ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Со Пендаровски во Њујорк заминаа и 10 членови на неговиот кабинет.

Во повеќедневна посета на САД е и премиерот Ковачевски, кого го придружува и лица од нивните кабинети.Османи во Њујорк е придружуван од петмина вработени во Министерството за надворешни работи.

Пендаровски на 22 септември ќе се обрати на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на ОН, а предвидено е и средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на која ќе му го врачи Орденот на Македонија со кој ја одликува ООН.

Од Владата соопштија дека премиерот Ковачевски во Њујорк ќе има „значајни средби со високи претставници на Стејт Департментот, на Светскиот економски форум и Светска банка, со претставници на мултинационални компании и македонската бизнис заедница во САД, како и со претставници од ЕУ“.

Од тројцата претставници на државниот врв на Македонија, претседателот на државата, Собранието и Владата, само собранискиот спикер Џафери не е во САД, односно е во Македонија.