Само бод за „Барселона“ во Виго, шанса за „Реал“ да биде сам на врвот во „Ла Лига“


„Барселона“ испушти победа попладнево на гостувањето кај „Селта“ во Виго, откако прими гол во финишот од мечот кој заврши 2:2.

По овој „кикс“ „Барселона“ е прва на табелата, но на нејзиното конто наместо планираните три, е додаден само еден бод. Каталонците сега имаат 69, пред „Реал“ кој е со 68, но и натпревар помалку.

Мадридскиот клуб утревечер, во рамките на 32. коло, ќе гостува на „Еспањол“ и со евентуална победа ќе биде сам на врвот во „Ла Лига“ со два бода предност пред големиот ривал за трофејот.

На првиот денешен дуел од 32. коло во Шпанското фудбалско првенство, „Атлетик Билбао“ ја совлада „Мајорка“ со 3:1.