Само 50 новозаразени, но уште 16 починаа поради Ковид-19


Фото: Б. Грданоски
Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на Ковид-19 во:
 
• Скопје – 26
• Битола – 7
• Куманово – 6
• Прилеп, Охрид и Струга – по 2
• Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).
Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:
• Скопје – 58
• Куманово и Прилеп – по 10
• Виница – 8
• Струмица – 6
• Охрид, Штип и Радовиш – по 5
• Велес – 4
• Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3
• Битола, Кочани и Кавадарци – по 2
• Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .
Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040